shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Победа ќе ја пречекаме во Маџари, судија ќе биде Марјан Гоцевски

Работнички утре, во рамките на 35.коло од Првата фудбалска лига, ќе ја пречека Победа на домашен терен. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток во 16.30 часот. Одредени се и официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Игор Ширилов (Скопје). Четврти судија е Васко Мавров (Струмица).

Делегат на натпреварот ќе биде Тони Донев од Валандово, а за контролор на судењето е одреден Ванче Камчев (Штип).