shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Херера: Одиме на победа против Вардар

Првенството влегува во својата последна фаза, до крајот на шампионатот остануваат уште четири кола, а в недела Работнички ќе ги одмери силите против Вардар, со почеток во 16.30 часот. Амбициите на нашиот тим се јасни, да се задржи третата позиција на табелата, а левиот бек Себастијан Херера најавува триумф против „црвено-црните“ во градското дерби.

„Одиме на победа против Вардар. По победата во Кратово над Силекс, сакаме да продолжиме во победнички ритам и на преостанатите мечеви до крајот на првенството. В недела не очекува дуел со шампионот Вардар, што секако е мотив повеќе да одиграме најдобро што можеме. Имаме респект за противникот, но мислам и дека мотивите ќе бидат на наша страна. Имаме квалитет за да ги совладаме „црвено-црните“, тоа сме го покажале и досега“, вели Себастијан Херера.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Кирил Негриески (Струга) и Симон Грданоски (Струга).