shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ивановски: Целта на Работнички е да го задржи третото место

Работнички оствари значајна победа (0-2) на гости против Силекс во рамките на 32.коло од Првата фудбалска лига. Со ова ја задржа и предноста од четири бода во однос на четвртопласираниот тим на Пелистер, во пресрет на последните четири кола од шампионатот. Следи градското дерби со Вардар, а искусниот напаѓач Филип Ивановски јасно ги истакнува клупските амбиции.

„Нашата цел е да го задржиме третото место на табелата до крајот на шампионатот и да избориме пласман на меѓународна сцена. Направивме голем чекор напред кон таа цел со победата над Силекс во Кратово. Одигравме навистина квалитетен меч, успевајќи први да ја затресеме противничката мрежа, по што случувањата на теренот се одвиваа во наша корист. Сега треба да се подготвиме за следниот предизвик, дербито со Вардар. Тука мотивите за победа ќе бидат огромни и од двете страни, во тоа воопшто не се сомневам“, вели Филип Ивановски.