shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Дејан Јакимовски ќе го суди натпреварот Вардар – Работнички

Работнички в недела го очекува натпревар од 24.коло во Првата фудбалска лига на Македонија против Вардар. Одредени се официјалните лица на овој меч, кој ќе се одигра на 2.април, со почеток во 15 часот, на „Телеком Арена“.

Главен судија на натпреварот ќе биде Дејан Јакимовски (Скопје), а ќе му помагаат Никола Божиновски (Скопје) и Саше Тошевски (Скопје). Четврти судија е Милош Милошевиќ (Скопје), а судии зад головите ќе бидат Далибор Ѓорѓевски (Куманово) и Дарко Стојчевски (Скопје). За делегат на натпреварот е одреден Благојче Ангелевски од Битола, додека контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).