shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елмас: Вардар е фаворит, но Работнички знаел да победи и со 3-0

Работнички в недела ќе го игра градското дерби против Вардар, кое секогаш буди зголемен интерес кај љубителите на фудбалот. По двете победи во низа, против Пелистер (0-1) и против Силекс (2-0), следеше репрезентативната пауза, а младинскиот репрезентативец Елиф Елмас се надева дека позитивните резултати ќе продолжат и во наредниот период, иако ривали се двете првопласирани екипи, Вардар и Шкендија.

„Сега сме фокусирани само на Вардар. Се комплетиравме по репрезентативната пауза и се подготвуваме за градското дерби. Тоа секогаш носи посебна возбуда, а и квалитетен фудбал. Вардар е фаворит, го респектираме максимално, но само до почетокот на натпреварот. Потоа влегуваме во жестока битка за секоја топка, па кој повеќе ќе заслужи, нека ги освои бодовите. Работнички знаел да победи и со 3-0, како на последниот меѓусебен дуел, така што ништо не се заслужува однапред, туку само на теренот. Верувам дека ќе продолжиме со позитивните резултати и по паузата и дека на крајот ние ќе се радуваме“, вели Елиф Елмас.