shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечкаровски ќе го суди натпреварот Пелистер – Работнички

Работнички в недела (14 часот) ќе му гостува на Пелистер во Охрид, во рамките на 22.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Димитар Мечкаровски од Скопје ќе ја дели правдата на неделниот меч. Негови помошници ќе бидат Дејан Неделкоски (Скопје) и Гоце Петрески (Скопје). Четврти судија е Кирил Негриески (Струга), додека судии зад голот ќе бидат Никола Костенчев (Скопје) и Марјан Младеновски (Скопје).

За делегат на овој натпревар е одреден Ацо Алексоски (с.Долнени), а контролор на судењето ќе биде Ванче Камчев (Штип).