shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Најденов: Сакаме три бода од Чаир

Работнички успешно го комплетира првото пролетно гостување во Ѓорче Петров, победувајќи ја Македонија ЃП со 0-3, а в недела следи ново докажување за избраниците на Виктор Треневски. Нашиот тим гостува на Чаир, каде ќе ги одмери силите со Шкупи. Не е тоа воопшто наивно гостување, Шкупи е мошне квалитетен тим посебно на домашен терен, но Бојан Најденов верува дека можат да се освојат нови три бода.

„Чаир е тешко гостување за сите екипи во лигата и несомнено е дека не очекува неизвесен натпревар. Шкупи ќе има поддршка од своите навивачи, но ние сме подготвени за предизвикот. Сакаме три бода од Чаир и ќе го дадеме максимумот за да ја исполниме целта. Ќе биде тешко, свесни сме за тоа, но доколку ја повториме играта од претходниот натпревар со Македонија ЃП, можеме да се надеваме на позитивен исход“, вели играчот од средниот ред, Бојан Најденов.