shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Земавме залет, одиме на триумф и против Шкупи

По убедливиот триумф над Македонија ЃП во првото пролетно коло, тимот на Работнички го очекува уште едно гостување в недела, против Шкупи на Чаир. Избраниците на Виктор Треневски оптимистички гледаат и на ова гостување, а Горан Силјановски смета дека со идентичен пристап како и на дуелот во Ѓорче Петров, екипата може да се надева на нов позитивен резултат.

„Одлично го отворивме пролетниот дел од првенството, земавме залет и сега размислуваме позитивно и за гостувањето на Чаир. Ќе биде тежок и неизвесен меч, Шкупи игра квалитетно на домашен терен, но сме победувале и во минатото на ова гостување, па ќе се дадеме се од себе за да успееме да освоиме нови три бода“, вели Горан Силјановски.