shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Милан Илиевски, нов асистент на Виктор Треневски во стручниот штаб

Поранешниот капитен на Работнички, Милан Илиевски, од денеска е назначен за нов асистент на Виктор Треневски во стручниот штаб на сениорскиот тим на клубот. Тој и дефинитивно одлучи да стави крај на фудбалската кариера и почнува нова, во тренерскиот занает. Од утре тој и официјално ќе почне да работи со тимот и да му помага на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски.

Покрај него, има уште едно ново име во стручниот штаб, кондицискиот тренер Тони Богдановски. Во стручниот штаб остануваат и Марјанчо Андрески и Драги Атанасовски, тренерот на голманите.

Согласно стратегијата на клубот за ротирање на тренерите, искусниот Томислав Франц ќе биде префрлен во младинската академија на клубот, каде неговиот ангажман ќе биде од непроценливо значење.