shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

„Романтичарите“ се собираат на 10. јануари

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски првата прозивка на стартот од подготовките за пролетниот дел од шампионатот ќе ја има на 10. јануари од 12 часот на терените на ФК Работнички во Градскиот парк.

„Романтичарите“ под палката на Треневски стартуваат со зимскиот подготвителен период во кој е планирано одигрување и на пет до седум пријателски натпревари. Првата фаза од подготовките ќе биде одработена во Скопје, а втората од 26. јануари до 6. февруари традиционално ќе се одработува во Анталија, Турција.

За време на престојот во Турција, каде база ќе биде хотелот „Мирикл ресорт“ во Анталија, планирано е одигрување на четири тест дуели со квалитетни европски противници.