shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички против Шкендија во осминафиналето на Купот

Работнички ја доби Шкендија за противник во осминафиналето на националниот Куп. Ждребот што се одржа денеска во Куќата на фудбалот одреди уште во осминафиналето да се случи реприза на минатогодишното финале, во кое нашиот тим ги одмери силите со Шкендија.

На првиот натпревар Работнички ќе биде домаќин (21.септември), додека реваншот во Тетово е на програмата на 12.октомври.

На останатите мечеви од осминафиналето на Купот на Македонија се среќаваат: Силекс – Хоризонт Турново, Академија Пандев – Шкупи, Пелистер – Ренова, Велазерими – Вардар, Брегалница – Тетекс, Новаци – Победа, а Металург директно ќе се пласира во четвртфиналето.