shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Куп: Убедлив триумф против Чаклани (1-6)

Работнички оствари сигурен пласман во осминафиналето на Купот на Македонија, откако го совлада нисколигашот Чаклани со 1-6 на денешниот натпревар одигран на Градскиот стадион во Тетово. Нашиот тим беше очекувано доминантен, а противникот имаше сили за отпор во првите триесетина минути. Но, до крајот на првото полувреме, Работнички поведе со 0-3. Младиот Пајазит Салиу во 38.минута го отвори резултатот, во 45.минута на 0-2 зголеми Бојан Најденов, а во судиското продолжение од првиот дел погоди и Милан Ристовски.

Во 47.минута, Кире Маркоски го постигна четвртиот гол за Работнички, потоа Пајазит Салиу во 60.минута зголеми на 0-5, а Чаклани дојде до почесен погодок во 73.минута од средбата.

Во 87.минута, Себастијан Херера го постави конечниот резултат на овој меч, 1-6.

Тренерот Виктор Треневски го започна натпреварот со следниот состав: Божиновски, Најдовски, Ј. Стојанов, Томаш, Наумчевски, Ацковски, Дурански, Најденов, Ристовски, Емир Сахити, Салиу. Уште играа: Маркоски, Елмаз, Херера.