shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Филип Ивановски, нов фудбалер на Работнички

Искусниот напаѓач Филип Ивановски, од денеска е нов фудбалер на Работнички, откако потпиша едногодишен договор со нашиот клуб. Тој веднаш му се става на располагање на тренерот Викор Треневски и ќе биде значајно засилување за навалниот ред.

„Потпишавме договор со Филип Ивановски. Се работи за искусен, квалитетен напаѓач, вистински реализатор, кој веруваме дека ќе донесе нов квалитет во нашиот тим. Бевме посебно дефицитарни на оваа позиција и со ангажманот на Ивановски решаваме еден голем проблем“, вели спортскиот директор на клубот, Иван Поповски.

Тимот на Виктор Треневски се подготвува за првиот првенствен дуел во новата сезона. В недела, со почеток од 17.30 часот, Работнички ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП.