shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлив триумф на Работнички против Вардар Неготино (1-5)

Работнички оствари убедлив триумф над новиот второлигаш Вардар Неготино, совладувајќи го со 1-5 на пријателскиот натпревар што се одигра во Неготино. Нашиот тим го покажа својот квалитет, беше подобар во текот на целиот натпревар, а ова беше еден од подготвителните мечеви во пресрет на почетокот на новата првенствена сезона.

negotino 2

По првото полувреме, Работнички оствари водство од 1-3, а стрелци беа Иван Галиќ и Кире Маркоски, кој двапати ја погоди противничката мрежа. Во вториот дел, Иван Галиќ зголеми на 1-4, а конечниот резултат го постави младиот Кудијан.

Голманот Даниел Божиновски во второто полувреме успеа да одбрани и пенал.