shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Ќе сториме сè за да го елиминираме Будуќност

Уште два дена до стартот на новата европска одисеја на Работнички. Во вторник (18 часот) нашиот тим на арената „Филип Втори“ ќе го пречека црногорскиот клуб Будуќност во рамките на првото коло од Лигата на Европа. По ланската успешна европска сезона, Горан Силјановски и соиграчите сакаат повторно да одат далеку во ова европско натпреварување. Сепак, најсигурно е кога се оди чекор по чекор, па како што вели десниот бек, сега сите мисли се фокусирани на Будуќност.

„Ќе сториме сè за да го елиминираме Будуќност. Се работи за квалитетен ривал, претставник на црногорскиот фудбал, сигурно најпочитуваниот клуб од оваа земја, клуб со голема традиција. Имаме респект за нив, но имаме и огромна желба повторно да направиме исчекор на европската сцена. Остануваат уште два дена, а потоа ќе треба најдоброто од нас да го покажеме на теренот. Ги ’снимивме’ нивните добри и лоши страни и мислам дека со едно максимално залагање, во што не се сомневам, можеме да оствариме позитивен резултат за реваншот во Подгорица“, вели Горан Силјановски.

Тимот е изменет во однос на минатата европска одисеја, но Силјановски верува и во новите момци.

„Има промени во составот, заминаа некои навистина квалитетни фудбалери, но и исто така се засиливме со добри играчи. Верувам дека сите ќе го дадат својот максимум и дека ќе славиме на првиот меч во вторник“, истакнува Силјановски.