shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Деан Митрев две години во Работнички

Работнички го ангажира и второто засилување за претстојната сезона. Поранешниот одбранбен фудбалер на Хоризонт Турново и на Брегалница, Деан Митрев, потпиша двегодишен договор со нашиот клуб. Тој ќе биде значајно засилување за тимот на Томислав Франц пред искушенијата во квалификациите за Лигата на Европа.

По вчерашната прозивка, натпреварувачкиот погон во некомплетен состав продолжи со тренинзите, со оглед дека дел од фудбалерите се уште имаат репрезентативни обврски.

Раководството на клубот продолжува со напорите за ангажман на уште неколку нови фудбалски имиња во наредните неколку дена.