shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички не успеа да го одбрани трофејот во Купот (ФОТО)

Работнички не успеа и трета година по ред да стигне до трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, загуби од Шкендија со 0-2 (0-1)

Во израмнет натпревар, во кој и двете екипи имаа свои шанси, нашите фудбалери не успеаја да искористат бројни шанси за гол во вториот дел, меѓу кои и погодена греда на Кире Маркоски, по што неизбежен беше поразот. Шкендија до победата дојде до два гола, еден во првите моменти од дуелот, и вториот во судиското продолжение за конечни 0-1.

Шкендија дојде до водство уште во 7. минута. Ибраими доби топка во шеснаесетникот на Работнички, шутираше од 12 метри, Шишковски одбрани а на одбиената топка налета Марјан Радески прецизно сместувајќи ја во мрежата од пет-шест метри. Потоа Работнички полека но сигурно ја презеде иницијативата во желба да дојде до посакуваното израмнување. Најпрво Алтипармаковски се најде во шанса која не успеа да ја искористи, за да потоа во 23. минута следи 100% шанса за хрватскиот интернационалец Иван Галиќ кој се најде во одлична позиција на 7-8 метри пред голот на Шкендија, но од свртување шутираше над голот на Марко Јовановски.

Во 38. минута, и младиот Елиф Елмаз се најде во одлична можност, но во мешаницата пред голот расчистија дефанзивците на Шкендија.

Rabotnicki - Skendija finale 1

Второто полувреме повторно почна во знакот на Шкендија. Уште во првата минута од вториот дел, Жуниор се најде во одлична позиција, но Шишковски спречи зголемена предност на противникот. И покрај обидите на Работнички да наметнe иницијатива, сепак Шкендија беше таа која имаше и понатака поконкретни шанси, па во 70. минута Шишковски повторно спасуваше, сега откако Радески се најде во одлична шанса по киксот во одбраната на „романтичарите“.

Нашите фудбалери вистинска можност за израмнување имаа во 75. минута, кога Алтипармаковски се најде во извонредна можност. Но, не успеа да погоди за 1-1. Но, на тоа не се застана. Најденов во 87. минута испрати одличен удар од далечина, Јовановски одби, а за малку Алтипармаковски не успеа да стигне до топката.

Притисокот продолжи и во следните минути, па во 89. минута, Кире Маркоски одлично се обиде со глава по нафрлувањето од левата страна, но гредата го спаси голот на Шкендија.

Па, откако шансите не се користат, во судиското продолжение, кое беше осум минути, Жуниор по еден брз контра напад во 95. минута постигна и втор гол за конечни 0-2.

Rabotnicki - Skendija finale 3

Rabotnicki - Skendija finale 2

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ФИНАЛЕ

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-2 (0-1)

Национална арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 7.000. Главен судија: Горан Спиркоски (Прилеп). Помошници: Дејан Костадинов и Дејан Неделковски. Асистенти: Марјан Маркоски и Марјан Ецкоски. Стрелци: Радески 7’, Жуниор 95’ (Ш). Ж. картони: Петровиќ, Најденов, Херера (Р).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Херера, Петровиќ, Елмаз (86’ Маневски), Најденов, С. Сахити (90’ Е. Сахити), Трајчевски, Галиќ (75’ Маркоски), Алтипармаковски

ШКЕНДИЈА: Јовановски, Бејтулаи, Цуцули, Тодоровски, Демири, Вујчиќ, Алими, Јуфо (75’ Положани), Жуниор , Ибраими, Радески (85’ Хасани)