shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Маркоски ќе го суди мечот Работнички – Силекс

Работнички в недела (16 часот), на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека Силекс во рамките на 29.коло од Првата фудбалска лига, второ од плејофот. Одредени се и службените лица за овој натпревар.

Правдата на овој дуел ќе ја дели судијата Марјан Маркоски (Охрид), а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Охрид) и Кирил Негриевски (Струга). Четврти судија е Симеон Стефков (Скопје).

Делегат на натпреварот е Ајетали Дервиши (Тетово), а за контролор е одреден Марјан Ристески (Кичево).