shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Работнички не признава фаворити

Заврши репрезентативната пауза и фокусот се враќа кон Првата фудбалска лига. Работнички в сабота (16 часот) на арената „Филип Втори“ ќе ја пречека Шкендија, второпласираната екипа на табелата во шампионатот, отворајќи го 24.првенствено коло.

Играчот за врска Душко Трајчевски ги надмина здравствените проблеми и веќе десетина дена е во редовен транежен процес, а се вратија и најголем дел од останатите фудбалери кои беа повредени. Од денеска во тимот се и репрезентативците, Дамјан Шишковски, Горан Силјановски и Мите Цикарски, кои во изминатиот период имаа обврски кон националните селекции.

„Засилено се подготвуваме за новите искушенија во шампионатот. В сабота ќе ја пречекаме Шкендија, која според позицијата на табелата можеби е и фаворит, меѓутоа Работнички верува во своите квалитети и не признава фаворити. Ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Тимот полека се комплетира и тоа е уште еден дополнителен мотив за нас да играме многу подобро во наредниот период“, вели Душко Трајчевски.