shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петровиќ е ’фајтер’, веќе е на тренинг (ФОТО)

Играчот за врска Милован Петровиќ заработи непријатна повреда на главата на вчерашниот пријателски натпревар против Б-тимот на Волсфбург, но откако му беше укажана медицинска помош, веќе денеска повторно е на тренинзите заедно со тимот. Работнички одработи една половина од зимските подготовки во Анталија, а тренерот Томислав Франц и фудбалерите го користат секој момент од извонредните услови во Турција, за да се подготват што е можно подобро.

На денешниот претпладневен тренинг, покрај вежбите за подобрување на физичката способност, на ’менито’ беше и воигрувањето на тимот. Тренерот Франц ги подели фудбалерите во два тима, и низ меѓусебен тест – натпревар требаше да се применат одредени тактички замисли.

rabotnicki antalija 10

rabotnicki antalija 12

rabotnicki antalija 15