shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петровиќ доби пет „конци“, но од утре продолжува со тренинзи

На денешниот пријателски натпревар со Б-тимот на Волфсбург, играчот за врска Милован Петровиќ се здоби со повреда на главата. По еден жесток дуел со противнички фудбалер, Петровиќ заработи расекотина на главата, поради која го напушти теренот уште во десеттата минута, а потоа мораше да замине и во болница.

Сепак, повредата не е сериозна, иако Петровиќ доби пет „конци“ кои ќе треба да ги носи во наредните десет дена. И покрај тоа, нему му е дозволено да продолжи со максимални тренинзи и тој веќе од утре повторно ќе биде во тренажен ритам заедно со останатиот дел од екипата.

miki povreda 2