shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Алтипармаковски: Ова ја крева самодовербата

Работнички одигра одличен натпревар против унгарскиот тим Диосѓер, а Марјан Алтипармаковски беше стрелец на хет – трик во триумфот од 5-4. Ако се суди според утрото во Анталија…

altiparmakovski golПопуларниот Маца посакува ова да е само најава за една многу поуспешна пролет. Неговата ефикасност во моментот е на завидно ниво, а Работнички во Анталија гради победнички менталитет. Тимот губеше и со два гола негатива, но на крајот стигна до триумф.

„Секако дека сум задоволен од хет – трикот, се надевам дека ќе продолжам во ист стил и понатаму, а дека главното ќе следи во првенствените и куп – дуелите што не очекуваат оваа пролет. Ова ми ја крева самодовербата, како на мене, така и на целиот тим. Одигравме одличен натпревар, покажавме врвна ефикасност, но и карактер да се вратиме и по негатива од два гола, која ја имавме двапати на мечот. Во завршницата покажавме дека многу ја посакуваме победата, иако се работеше само за пријателски натпревар. Но, така се создава навика за победување“, вели Марјан Алтипармаковски.

Тренерот Томислав Франц денеска им даде слободно попладне на фудбалерите по напорниот претпладневен тренинг. Беше искористено за заедничка прошетка до главниот шопинг центар во Анталија, каде стручниот штаб и фудбалерите минаа пријатни мигови.

Веќе утре следи нов тест на формата.