shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ревија од голови и триумф на Работнички над Диосѓер

Работнички оствари победа од 5-4 на денешниот пријателски натпревар против унгарскиот тим Диосѓер, што се одигра во Анталија. Со одлична игра во вториот дел и со расположениот Марјан Алтипармаковски, тимот предводен од Томислав Франц успеа да ја надомести негативата од два гола (1-3) што ја имаше на полувремето.

Милован Петровиќ во 16.минута го отвори резултатот во корист на Работнички, а Диосѓер израмни во 29.минута. До крајот на првиот дел унгарскиот тим постигна уште два гола и на полувреме замина до предност од 1-3.

Алтипармаковски во 63.минута намали на 2-3, но Диосѓер повторно обезбеди два гола позитива (2-4). Сепак, завршницата му припадна во целост на Работнички.

rabotnicki-diosgjer-1

Алтипармаковски во 78.минута намали на 3-4, Кире Маркоски во 84.минута го израмни резултатот, а повторно Алтипармаковски четири минути подоцна го комплетираше својот хет – трик и го постави конечниот резултат на овој меч, 5-4 за Работнички.

Тренерот Томислав Франц го изведе следниот тим: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Најдовски, Петровиќ, Јовановски, Најденов, Галиќ, Маркоски, Емир Сахити, Алтипармаковски. Уште играа: Божиновски, Цикарски, Трајчевски, Суад Сахити, Херера.