shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички, 140. клуб во светот за 2015 година, според ИФФХС

ФК Работнички е рангиран како 140.клуб во светот за изминатата 2015 година, во ранкингот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Нашиот клуб е единствен од Македонија кој е рангиран меѓу првите 200 клуба во светот, а тоа го заслужи со одличните игри на меѓународна сцена, во квалификациите за Лигата на Европа.

Работнички освои 109 поени во рангирањето на ИФФХС, и се наоѓа пред европски гиганти и големи клубови, како Милан, Панатинаикос, Саутемптон, ФК Копенхаген, Малме, Брондби…Интересно е дека Работнички е рангиран пред турскиот клуб Трабзонспор (188.), кого успеа да го елиминира во квалификациите за Лигата на Европа.

rabotnicki - iffhs

Најдобар фудбалски клуб во светот за 2015, е европскиот и светски клупски првак Барселона, а на втората и третата позиција се италијанските клубови Јувентус и Наполи. Меѓу првите десет се наоѓаат и Баерн Минхен, ПСЖ, Реал Мадрид, Индепендиенте Санта Фе, Фиорентина, Ривер Плата и Волфсбург. Најдобар клуб од Балканот е Динамо Загреб, кој на ова рангирање на ИФФХС се најде на 26.позиција.