shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски и Шишковски со повик во селекцијата до 21 година

Двајца фудбалери на Работнички се најдоа на списокот на селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски. Стандардните членови на младиот национален тим, крилниот напаѓач Кире Маркоски и голманот Дамјан Шишковски, и овојпат добија доверба од селекторот Милевски и треба да се јават на првата прозивка (9.ноември) за квалификацискиот натпревар против Франција, кој ќе се одигра на 15.ноември на комплексот „Петар Милошевски“.

Кире Маркоски беше стрелец на победничкиот погодок за младата репрезентација на Македонија до 21 година на претходниот квалификациски натпревар против Северна Ирска (1-2).