shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски, Митров и Сахити се вратија во тренажен процес

„Болницата“ во ФК Работнички полека се намалува, но се уште тоа е далеку од здравствената состојба што ја посакува тим – менаџерот Игор Ангеловски. Во тренажен процес се вратија Милан Илиевски, Иван Митров и Суад Сахити, но, тие, сепак, нема да конкурираат за тимот за претстојното гостување против Хоризонт Турново.

„Состојбата со повредените фудбалери оди кон подобро. Илиевски, Митров и Суад Сахити се вратија на тренинзите, но се уште е рано за да можат да конкурираат за настап против Хоризонт Турново. Доколку се биде в ред, очекувам тие да можат да бидат во комбинација за натпреварот против Ренова“, вели Ангеловски.

Се уште надвор од тренажен процес се Горан Силјановски и Леон Најдовски, кои се опоравуваат од повредите на скочниот зглоб, односно на мускулот.

Работнички в недела (13.30 часот), во рамките на 11.коло од Првата фудбалска лига му гостува на Хоризонт Турново.