shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички отпатува за Казан

Фудбалерите на Работнички носени од позитивна атмосфера, дополнета и со реален оптимизам, утрово заминаа за Казањ каде в четврток од 18 часот ги очекува реванш дуелот од плејоф – колото од Лигата на Европа против рускиот Рубин.

Тим менаџерот Игор Ангеловски за Русија поведе 18 фудбалери меѓу кои е и Милован Петровиќ кој поради црвениот картон од првиот дуел нема право за настап. Во Скопје остана Иван Митров кој мора да го продолжи рехабилитацискиот период по повредата на десниот скочен зглоб, како и голманот Андреја Ефремов, со оглед на тоа што Ангеловски се одлучи за тандемот Даниел Божиновски и Дамјан Шишковски.

Комплетно подготвен за игра е и Суад Сахити, кој поради повреда не беше во комбинација за настап на првиот меч. Но, сега ќе биде на располагање на стручниот штаб.