shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Ова реми е еднакво на победа

Тим – менаџерот на Работнички, Игор Ангеловски, беше пречекан со аплауз од македонските новинари во прес-центарот на арената „Филип Втори“, по ремито против Рубин Казан во првиот меч од плејоф-колото во Лигата на Европа.

„Благодарам, но аплаузот пред се треба да е наменет за играчите. Игравме половина час со играч помалку и покажаа дека не се предаваат никогаш и во ниту еден момент. Одиграа храбро до крај за да останеме во живот за реваншот. Ова реми за нас е вредно како победа. Вообичаено не истакнувам поединци, но сега морам да го потенцирам 17-годишниот Милан Ристовски. Горд сум што добивме уште еден бисер. Дебитираше на европската сцена и одигра одлични 20 минути. Во Казан сигурен сум дека ќе дадеме 100% од нашите сили, а дали тоа ќе биде доволно за да одиме понатаму ќе видиме. Рубин и натаму останува голем фаворит, но уште еднаш видовте дека ние никогаш нема да се предадеме. А, во Русија ќе ги имаме и Илијоски и Трајчевски, и плус повредените Сахити и Митров“ – истакна Ангеловски.