shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Цикарски: Ако го елиминиравме Трабзон, зошто не и Рубин Казан?!

Работнички утревечер (20 часот) го игра првиот меч од плејоф – колото во Лигата на Европа против рускиот клуб Рубин Казан. Нашиот клуб се наоѓа на чекор до пласман во групната фаза од ова европско натпреварување, а тоа е шанса што мора да се зграпчи, вели левиот бек Мите Цикарски.

„Ова е историска шанса за Работнички. Досега на ниту еден македонски клуб не му успеало да се пласира во групите од едно европско натпреварување. Пред нас имаме квалитетен ривал, Рубин Казан е претставник на рускиот фудбал, но ние веќе елиминиравме еден голем ривал како Трабзонспор. Тоа ни ја зголеми самодовербата, сега многу добро знаеме дека можеме да се надигруваме и со многу поквалитетни екипи и ќе сториме се за да избориме позитивен резултат“, порачува Мите Цикарски.