shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трабзон се покажа како одличен домаќин

Раководството на Трабзон се покажа како одличен домаќин, возвраќајќи со иста мера на гостопримството што беше искажано од нашиот клуб, пред првиот меч во Скопје.

На ручекот меѓу челниците на двата клуба беше повикан и Конзулот на Р. Македонија во Трабзон, при што беа разменети и пригодни подароци.

Работнички им подари на Турците сувенир со мотив од „Камениот мост“ во Скопје. Двата клуба воспоставија максимално пријателски односи што во иднина уште повеќе ќе се продлабочуваат.