shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Работнички против Трабзонспор може само да добие…

Тим – менаџерот на Работнички, Игор Ангеловски, со сосема истиот состав кој триумфираше против летонската Јелгава на националната арена „Филип Втори“ ќе се спротистави на Трабзонспор на утрешниот прв натпревар од третото квалификациско коло за ЛШ кој го играме во Скопје.

rabotnicki pred trabzon 2
Ангеловски на официјалната прес-конференција пред мечот соопшти дека нема што да се крие ниту, пак, да се менува во однос на претходната европска пресметка на тимот.

„Ќе играме со истиот почетен состав како и пред една недела. Нема потреба зошто многу би менувале, ниту, пак, има ете потреба нешто да криеме од противникот. Сите добро знаеме како клуб ни доаѓа. Чест ни е да ги одмериме силите со еден таков тим, но ни најмалку не мислиме да бидеме само голи учесници и статисти во овој двомеч, туку силни да се спротиставиме. Многумина сега би рекле дека Работнички нема што да загуби од мечевите со Трабзонспор, но јас на тоа гледам малку поинаку: Работнички може многу да добие!“ – истакна Ангеловски.

Турскиот тим е добро анализиран од нашиот стручен штаб.

„Трабзон игра офанзивен фудбал, добро знаеме. Мислам дека и Оскар Кардозо ќе биде во составот. Добро анализиравме и верувам дека имаме сили да се спротивставиме“ – дополни нашиот стратег.

Утрешниот натпревар меѓу Работнички и Трабзонспор, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа, се игра со почеток од 20 часот на арената „Филип Втори“.