shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ристевски доби сертификат, ќе игра на реваншот со Флора

Работнички ќе биде посилен за репрезентативниот дефанзивец Кире Ристевски на реванш дуелот од првото квалификациско коло за Лигата на Европа против естонскиот тим Флора Талин.

Ристевски конечно го доби неопходниот сертификат по што се здоби со право за настап и веќе в четврток ќе му биде на располагање на шефот на стручниот штаб, Игор Ангеловски.

„Го добивме неопходниот сертификат па сега Ристевски ќе биде во комбинација за настап. Сигурно ќе биде добредојден за нас за засилување на конкуренцијата во одбраната“ –  вели Ангеловски.

Работнички на првиот натпревар во Талин загуби минимално со 1-0. Реваншот се игра во четврток (9. јули) со почеток од 20 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.