shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Шкупи на Чаир

Работнички доживеа пораз (5-0) од Шкупи на Чаир во седмото коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим се наоѓа на десеттата позиција на табелата со четири освоени бода.

Шкупи поведе во петтата минута. Алварез изведе слободен удар, а Гаги Маргвелашвили, откако не беше означена офсајд позиција, со удар со глава го надмудри Алексовски. Четири минути подоцна Фати Исмаили доби црвен картон, откако загуби топка како последен човек во одбраната и го фаулираше Алварез.

Реналдо Цефас во 28.минута зголеми на 2-0, а Работнички се обиде да возврати преку Рушевиќ и Гандо.

Во финишот на првото полувреме уште два гола за Шкупи. Пепи Ѓорѓиев погоди во 38.минута, а две минути подоцна и Куевен ја затреесе мрежата.

Во второто полувреме, Фреди Алварез го постави конечниот резултат со голот во 78.минута.

Во следното коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Победа.