shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров

Работнички ремизираше на гости (1-1) против Македонија ЃП во петтото коло од Првата фудбалска лига. Крсте Велкоски во 49.минута донесе водство за нашиот тим, а израмни Фахрудин Ѓурѓевиќ со погодокот во 63.минута.

Работнички можеше и до победа, ако малку попрецизна беше „бомбата“ на Дин Аломеровиќ од 25 метри во 88.минута. Тој со силен шут ја погоди гредата од голот на Македонија ЃП.

На стадионот во Ѓорче Петров се одигра интересен натпревар, двете екипи имаа свои шанси, но по првото полувреме немаше голови.

На почетокот на вториот дел, капитенот Крсте Велкоски донесе предност за Работнички во 49.минута. Сепак, по едно невнимание во нашата одбрана, Фахрудин Ѓурѓевиќ успеа да израмни на 1-1 во 63.минута. Тој имаше време да ја смири топката на гради и да ја испрати крај Игор Алексовски во мрежата.

Во финишот, Работнички можеше да стигне до трите бода. Малку недостигаше за силниот удар на Дин Аломеровиќ да заврши во мрежата на домаќинот. Топката удри во гредата.

Следниот првенствен натпревар за Работнички е на 11 септември, во седмото коло, кога тимот ќе му гостува на Шкупи на Чаир.