shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Прв триумф (2-0) во новата сезона: Рушевиќ и Гандо, за три бода против Тиквеш

Работнички ја оствари првата победа во новата сезона од Првата фудбалска лига, совладувајќи го Тиквеш на комплексот на ФФМ со 2-0. Стрелци на головите беа Анес Рушевиќ во 20.минута и Мерселин Гандо Биала во 44.минута од натпреварот.

Тимот конечно одигра според замислите на тренерот Љупчо Марковски.

Желбата за победа со офанзивен пристап ја најави Анес Рушевиќ кој шутираше крај голот во деветтата минута, а потоа Иво Јанакиевски шутираше од 20 метри, но директно во голманот Мартин Давков.


Работнички поведе во 20.минута. Анес Рушевиќ одлично реагираше на нафрлената топка од левата страна и на вториот дирек упати прецизен удар од непосредна близина тресејќи ја мрежата на Тиквеш.
Пред крајот на првото полувреме, Работнички ја удвои предноста. Новото засилување Мерсалин Гандо Биала одлично реагираше на нафрлувањето на Алими и со удар со глава постигна убав погодок.


Во вториот дел Работнички можеше и до уште поубедлив триумф. Крсте Велкоски во 71.минута повлече противнапад, но во завршницата сепак не го послужи најдобро Димитар Тодоровски за сигурна реализација.

Во следното коло, Работнички гостува во Ѓорче Петров против Македонија ЃП.