shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Максимов донесе триумф (1-0) над Тиквеш

Работнички стигна до 11. победа оваа сезона во Првата лига откако го совлада Тиквеш на Националната арена „Тодор Проески“ со 1-0. Стрелец на голот беше Методи Максимов. Тој упати феноменален удар откосо од десната страна во 29.минута и спектакуларно ја затресе мрежата на Тиквеш.

Во 20.минута, Аноел Нгоба имаше убава шанса за Тиквеш. По грешката во одбраната на Работнички, тој имаше отворен простор од десетина метри, но Бурхан Мустафа одлично одбрани.

Во вториот дел, Анес Рушевиќ се закани кон голот на Тиквеш, а Данаил Тасев ја имаше најубавата шанса за израмнување кај гостите. Но, уште еднаш Мустафа успеа да одбрани.

Во следното коло, Работнички ќе гостува на Македонија ЃП.

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0 (1-0)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелец: Максимов 29′ (Работнички). Ж. картони: Аломеровиќ, Гоес (Работнички), Стојков, Љамчевски, Делов, Спахиу (Тиквеш).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски, Кировски (7′ Ѓорѓевиќ), Рашо, Аломеровиќ, Гоес, Зејнулаи, Ристовски (83′ Родригез), Максимов, Станковски (83′ Ангелов), Рушевиќ (75′ Кутсија).

ТИКВЕШ: Димовски, Вареловски, Делов, Каракамишев, Љамчевски, Тодоров (46′ Дончев), Стојков, Христов, Лазаров (68′ Тасев), Спахиу, Нгоба.