shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ИН МЕМОРИАМ: ЈАСТРАД ЈАНЕВСКИ (1950 – 2021)

Со огромна жал, известуваме за тажна вест поради смртта на Јастрад Јаневски, поранешниот истакнат фудбалер на Работнички и на Вардар. Тој денеска почина по тешко боледување.

Јастрад Јаневски го носеше дресот на Работнички во периодот од 1968 – 1972 година и од 1979 – 1983 година, беше еден од најистакнатите одбранбени фудбалери. Последен ангажман во клубот му беше како координатор во сезоната 2009-10.

Работнички изразува сочувство до семејството и неговите најблиски за големата загуба.