shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечот Ренова – Работнички ќе се игра во Гостивар, ќе суди Александар Ставрев

Работнички во последното 33.коло од Првата фудбалска лига в недела ќе биде гостин на Ренова, а мечот ќе се одигра на Градскиот стадион во Гостивар, со почеток во 16 часот. Одредени се и официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија е Марјан Младеновски (сите од Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Емин Кранли од Ресен, а контролор на судењето ќе биде Миле Стојчевски од Скопје.