shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Во последните две кола шанса за оние со помала минутажа

Работнички го совлада Вардар со 1-3 во 31.коло, а тимот денеска продолжи со тренинзи и се подготвува за последните две кола од шампионатот. Нашиот тим се наоѓа на петтото место на табелата во Првата лига и интенцијата е да се доигра првенството во максимален ритам.

„Задоволен сум од изданието против Вардар, имавме контрола над играта и резултатот иако се појавија слабости при прекин на игра. Тоа се сегменти на кои посветуваме посебно внимание, но повторно имаме проблеми во одредени ситуации на натпреварот. Сепак, доминиравме и успеавме да стигнеме до победа со која го осигуравме пласманот. Во наредните две кола до крајот на првенството ќе продолжиме да играме во максимален ритам, а шанса ќе добијат фудбалерите кои досега имаа послаба минутажа. Работнички секогаш мисли на иднината и мора навреме да го селектираме тимот и за следната сезона“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува Силекс.