shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓурѓевиќ: Секогаш подготвен да му помогнам на тимот

Работнички оствари многу важна победа (2-1) над Борец во 25.коло од Првата фудбалска лига. Творец на победата беше Фахрудин Ѓурѓевиќ кој постигна два гола во финишот и го обезбеди триумфот. Влезе во завршницата од мечот како „џокер“ од клупата на Александар Влахо и одговори на одличен начин, со два гола за осум минути – доволни за три нови бода.

Ја чекаше својата шанса оваа пролет и покажа дека секогаш е подготвен да го даде максимумот за тимскиот успех.

„Влегов во игра на 0-0, секако интенцијата беше наша победа, а во меѓувреме и примивме гол. За среќа, успеавме веднаш да возвратиме, а пред самиот крај со вториот гол да оствариме и триумф. Среќен сум што стигнавме до победа, секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот. Сега треба да продолжиме во ист стил и на наредните натпревари. Не очекува уште еден тежок натпревар против Пелистер претстојниот викенд“, вели Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Тимот денеска се врати на тренинзи по вчерашниот слободен ден и ги почна подготовките за следниот натпревар против Пелистер, закажан за в сабота.