shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тестирање за Ковид-19 во пресрет на пролетниот дел од сезоната (ФОТО)

Остануваат уште три дена до почетокот на пролетниот дел од првенството, а тимот на Работнички денеска ги имаше и задолжителните тестови за Ковид-19. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на клубот го минаа задолжителното тестирање.

Работнички в сабота ќе го отвори пролетниот дел од шампионатот во Првата лига на гостувањето против Академија Пандев. Мечот е закажан за 14 часот, на комплексот на Академија Пандев.