shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Професионални договори за тројца млади фудбалери (ФОТО)

Работнички продолжува со курсот за давање поддршка и шанса на младите фудбалери од својата академија. Во таа насока, раководството одлучи да потпише професионални договори со тројца фудбалери.

Рушту Јонуз, Матеј Ангелов и Бљенд Зекири ставија потпис за верност кон клубот. Тие претставуваат светла иднина на Работнички и веќе се дел од сениорскиот погон под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.