shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Целото коло одложено: Мечот со Шкупи следниот викенд

Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи кој требаше да се одигра утре е одложен. Одложено е целото коло со одлука на Фудбалската федерација на Македонија, поради измените на Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19. Целото коло е презакажано за следниот викенд.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“, објави Фудбалската федерација на Македонија.