shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички по нови бодови во Велес

По обврските во Купот на Македонија каде се пласираше во осминафиналето, Работнички се враќа на предизвиците во националниот шампионат. Денеска, во седмото коло од Првата фудбалска лига, Работнички гостува во Велес и ќе ги одмери силите со Борец.

Противникот доживеа елиминација од Купот, но затоа им одличен ритам во првенството. Спои две победи, против Академија Пандев дома и против Силекс на гости и во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата со 11 бода.

Работнички нема пораз на последните пет меча во првенството и сака таа серија да продолжи и денеска во Велес. Избраниците на Ратко Достаниќ се максимално мотивирани да остварат позитивен резултат.

Натпреварот меѓу Борец и Работнички (15 часот) ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица. Ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски (Струмица) и Зоран Саздовски (Штип). Четврти судија е Крумислав Ѓорѓиев (Штип). За делегат на натпреварот е одреден Марјан Пишмановски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).