shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Ецкоски ќе го суди мечот Работнички – Беласица в сабота

Работнички в сабота, со почеток во 17 часот, ќе го пречека тимот на Беласица на арената „Тодор Проески“, како дел од второто коло во Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Злате Лозаноски (Битола) и Николче Дрнковски (Битола). Четврти судија е Стојанче Трпчевски (Кавадарци).

За делегат на натпреварот е одреден Алајдин Асани (Градец), а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски (Скопје).