shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борец, финален тест за Работнички пред почетокот на новата сезона

Работнички закажа пријателски натпревар со Борец на 1 август, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари (17.30 ч.) како финален тест за можностите пред почетокот на новата сезона. Тимот на Ратко Достаниќ одигра три пријателски натпревари во текот на летните подготовки, славеше против Пелистер (2-0) и против Охрид (2-1), а загуби од Шкендија (0-2).

Последната проверка ќе се случи осум дена пред стартот на новата сезона 2020/21 во Првата фудбалска лига.

Во првото коло од новата сезона во ПМФЛ, Работнички го очекува дуел на гости против Македонија ЃП.