shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Вардар, Јанков одбрани пенал во финишот

Работнички ремизираше без голови на градското дерби против Вардар и го продолжи позитивниот пролетен тренд. Сега тимот се наоѓа на осмата позиција на табелата со 22 бода.
Херој на мечот е голман Ристо Јанков, кој успеа да одбрани пенал во 97.минута од мечот. Тој успеа да го скроти ударот од белата точка на Дарко Мицевски, откако Христијан Пецов играше со рака во шеснаесетникот.

Попзлатанов ја имаше првата шанса за Вардар во 30.минута, а одличен беше Дамјан Шишковски. Успеа да одбрани откако играчот на Вардар излезе сам пред него. Работнички имаше можност за водство преу Давид Тошевски, но и Гачевски беше на висина на задачата. Во 40.минута се закани и Тодоровски.

Во вториот дел, Вардар имаше обиди преку Дарко Мицевски и Матеј Цветановски од далечина. Попзлатанов беше во шанса во 78.минута, а претходно се повреди Дамјан Шишковски. На негово место во игра влезе Ристо Јанков и на крајот беше херој за нашиот тим бранејќи го пеналот на Дарко Мицевски во 97.минута, во судиското продолжение.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0

Арена „Тодор Проески“. Без гледачи. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Ж. картони: Најдовски (Вардар), Тошевски, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Херера (Работнички).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Новак, Најдовски, Брдаровски, Реис Жуниор, Адем, Мицевски, Попзлатанов (84’ Колевски), Аврамовски, Ибиши (54’ Цветановски).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски (65’ Јанков), Силјановски, Ѓорѓевиќ, Велкоски, Херера, Стојков, Јевтоски (73’ Пецов), Тодоровски (46’ Аломеровиќ), Шаркоски, Петковски, Тошевски.