shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Анталија е друга „песна“, утре првата контрола (ФОТО)

Работнички од вчера е во Анталија, а денеска го одржа и првиот тренинг во турскиот туристички центар. Експедицијата е сместена во добро познатата база, хотелот „Миракл“, а за утре е закажана и првата проверка, против бугарскиот клуб Пирин Благоевград, од 13 часот по македонско време.

Тренерот Ратко Достаниќ го воигрува тимот, фудбалерите се прилагодуваат на неговите барања и треба се да функционира беспрекорно за вториот дел од првенството. Работнички го очекува тешка битка за опстанок.