shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше против Борец во првата контрола

Работнички ремизираше против Борец играјќи 2-2 на првиот пријателски натпревар од зимските подготовки што се одигра во Велес. Тренерот Ратко Достаниќ ја распореди минутажата на поголем број фудбалери давајќи им можност да се наметнат со својата игра.

Борец поведе со голот на Радоњиќ во 27.минута, а израмни Петковски во 39.минута. Во вториот дел уште по еден гол на двете страни, а стрелец за Работнички беше Ломба.

Работнички на 25.јануари ќе го одигра следниот пријателски натпревар против второлигашот Тиквеш во Скопје.