shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тестови со Борец и со Тиквеш пред заминувањето на подготовки во Анталија

Работнички стартуваше со работа во последните денови од 2019 година, а тренерот Ратко Достаниќ продолжува со реализација на планот за подготовки и во првата декада од јануари. Договорени се две пријателскки средби пред заминувањето за Анталија, на 27.јануари.

Работнички ќе одигра два тест натпревари во Македонија пред да замине во турскиот туристички центар каде ќе остане до 7.февруари. На 18.јануари составот на Ратко Достаниќ ќе тестира против Борец, а на 25.јануари ќе одигра пријателски натпревар против Тиквеш.